Норвежанецот Александер Омот Килде победи попладнево на спустот во италијанскиот центар Вал Гардена и го презеде водството во генералниот пласман во Светскиот куп во скијање.

До својата шеста победа во кариерата Килде стигна со 22 стотинки побрзо време од Американецот Рајан Кохрејн, кој за прв пат во кариерата се искачи на подиумот, додека трет низ целта мина Швајцарецот Беат Фојц, со заостанување од 54 стотинки.

Со денешниот триумф во Вал Гардена, актуелниот освојувач на Златниот глобус ја комплетираше двојната победа на патеката Саслонг, откако славеше и на трката во супервелеслалом во петокот.

Сензационалниот победник на првиот спуст сезонава, Словенецот Мартин Чатер, денеска беше дури 25-ти.