Вршителот на должност градоначалник на Штип Јане Миланов денеска ги додели наградите и орденот „Свети Никола“.
Добитници оваа година се: Мирко Наџаков, фудбалер и педагог со богата спортска кариера; Кирил Барбареев, редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ и хуманистката Катица Жежова, која повеќе од 80 пати има дарувано крв.
Добитник на свечениот орден „Свети Никола“ е Михаил Данев, за кого в.д. градоначалникот истакна дека е општественик, политичар и стручњак, кој со својот ангажман одбележа речиси половина век во Штип и Македонија.
Поради протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, оваа година свеченоста се одржа во кабинетот на градоначалникот. Присуствуваа в.д. градоначалникот Миланов, претседателката на Советот на Општина Штип, Маријана Рогожарска-Поповска, и новиот градоначалник на Штип, Сашко Николов.