Италијанската скијачка Софија Гоџа победи на вториот спуст сезонава во Светскиот куп што денеска се возеше во францускиот центар Вал Д‘Изер.
Гоџа прва мина низ целта, со 24 стотинки пред Швајцарката Корин Сутер, додека третопласираната Американка Бризи Џонсон заостана 27 стотинки.
За Италијанката, која е актуелен олимписки и светски првак, ова беше осма победа во кариерата, избивајќи на делба на првото место во пласманот во спуст со 180 бодови.
Женскиот викенд во Вал Д‘Изер завршува утре со супервелеслаломот од 11 часот.