Во Берово и Пехчево успешно заврши крводарителската сезона. Како што информираше секретарот на Општинската организација на Црвен крст Берово, Љубинка Димитровска, годинава во Берово и Пехчево се собрани 660 крвни единици.

-Во текот на годината наизменично спроведувавме крводарителски акции и во Берово и во Пехчево. Задоволни сме од исполнувањето на годишниот план за крводарување кој изнесува 660 собрани крвни единици. Бројката покажува дека Беровци и Пехчевци се хумани граѓани, истакна Димитровска.

Додаде дека во рамки на акцијата меѓу поактивните биле редовните крводарители и апелираше догодина поактивно да се вклучат помладите.

-Имаме редовни крводарители со над 30, 40 и 50 дарувања. Најредовниот крводарител, кој го имаме е од село Ратево. Имавме активност и од помладата популација во текот на целата година. До нив порачуваме да бидат уште поактивни следната година, додаде Димитровска.

Од Општинската организација на Црвен крст Берово додадоа дека поголем дел од крводарителските акции беа спроведени во услови на Ковид-19, при што биле испочитувани сите мерки за заштита на крводарителите.