Општинската организација на Црвен Крст-Штип спроведе хуманитарна акција во карбинскиот регион, каде се опфатени 19 семејства со акцент на планинските села.

Секретарот на ОО Црвен Крст-Штип, Викторија Милановска вели дека биле дистрибуирани семејни прехранбени пакети, набавени од средствата од граѓанските донации по повод Неделата на гладта.

– Исто така до градинката ,,Кокичиња” и училиштето „Страшо Пинџур” беа доставени вкупно 30 пакетчиња со внимателно селектирана детска гардероба по возрасти, вели Милановска.

Посочи дека работат посветено на ублажување на последиците кои корона-кризата ги остава во секој сегмент од живеењето.