Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески денеска ќе ги посети компаниите „Текспорт“ во Скопје и „Кафе ди Артисан“ во Куманово, успешна странска директна инвестиција и успешна „браунфилд“ инвестиција.

Компаниите се корисници на финансиска поддршка од државата.

Од Агенцијата за странски инвестици најавија дека Павлески ќе оствари средби со Надица Мирчевска и Благој Трајчев од раководството на компаниите со кои ќе се дискутира за текот на инвестициските активности и плановите за раст и развој, како и за унапредување на соработката во насока на поврзување на компаниите инвеститори со домашните компании.