Со хибриден карван и активна дебата во седиштето на Ко Ворк (CoWork) во Гостивар денес беше претставена дигиталната екосистем плaтформа во организација на Стартап Македонија.

Целта на платформата е да ги поврзе старт-ап компаниите во еден систем преку кој ќе добиваат информации за програми, настани, пристап до финансирање и кои се достапни во државата.

Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија, смета дека младите ентузијасти и претприемачкиот карактер го мапира Гостивар во категоријата на градови со голем потенцијал за развој на стартап бизниси.

– Со вакви ентузијасти во Гостивар, стартап заедницата само ќе ја зацврсти на мапата во светот по развој на нови компании со иновации. Дигиталната платформа брои 120 регистрирани стартапи и 40 подржувачи организации и очекувам да се удвои в година. Преку неа имаме целосно поврзување на сите учесници на екосистемот и стартап заедницата со тоа што тоа ќе значи заеднички чекор за успех и до светскиот пазар, вели Маџов. Тимот на Стартап Македонија имаше можност да се запознае и да ги види можностите што ги нуди модерниот иновативен простор за млади претприемачи CoWork.

– CoWork Гостивар овозможува поддршка на млади претприемачи, како и оние кои работат од далечина за различни компании и ги мотивира да направат чекор напред во нивните професионални кариери. Членови на просторот можат да бидат од различни професии: правници, сметководители, маркетинг менаџери, архитекти, фотографери, видео-едитори, консултанти, како и струки кои се тесно поврзани со дигиталните трендови, рече Арлинд Муслиу ко-основач на CoWork.

Тој посочи дека долгорочна одржливост на проектот ќе се обезбеди преку симболична членарина што ќе се плаќа за користење на просторот, како што се: приватна маса, оптички интернет, електрична енергија, сала за состаноци, кујна, одржување, печатење, лична фиока. Дигиталната екосистем платформа и караванот во 5 града се изведени со поддршка на долготрајните партнери УСАИД во склоп на проектот за развој на деловниот екосистем.