На Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) во Тетово и во Гостивар, во организација на Стартап Македонија, во рамки на хибридниот караван, ќе се одржи активна дебата зa дигиталната екосистем плaтформа.
Дигиталната платформа, која веќе брои 120 регистрирани стартапи и 40 подржувачи организации, ги поврзува сите учесници на екосистемот и стартап заедницата при што овозможува автоматско поврзување помеѓу стартапите и оние кои нудат услуги за раст на самите стартпи, а тоа се подржувачите организации.
Предвидено е последниот настан од караванот да се одржи на 19-ти декември во Битола, со што вкупно ќе бидат реализирани презентации и активни дебати во пет градови во земјава.