Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и оваа година традиционално ги прогласи најчитателите кои изнајмиле и прочитале најмногу книги во 2020 година.
Како што информира за медиумите в.д .директорката Гордана Васковска, во категоријата за деца, за најмлад активен читател е прогласен Стефан Тодоровски, а најактивен читател Александар Јордановски.
Во одделот за возрасни, за најмногу прочитани книги е прогласена Валентина Малинова, а за најстар активен читател – Бранка Димова.
–Најдобрите читатели беа одредени врз основа на бројот на прочитани книги и редовност при нивното враќање, информира Васковска.
Наградите беа доделени вчера попладне со почитување на протоколите за заштита од Ковид -19.
–Им честитаме на наградените, а на сите наши членови им посакуваме да имаат убави моменти со најновите изданија што ги користат од Библиотеката. Наша порака кон сите е дека нема поубав мирис од од мирисот на добра книга, порача в.д директорката Васковска. Велешката библиотека годинава има зголемен број читатели, особени повозрасни.