Охридскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ (Vox Lychnidos) освои две награди на Меѓународниот хорски фестивал „Мелодианум“ во Кикинда, што поради актуелната стуација наметната од коронавирусот се одржа онлајн преку „зум“ платформата.
Охридскиот хор се претстави со свои изведби во две категории во севкупна конкуренција на 42 хорски состави. Во категоријата Мешани камерни хорови до 28 хористи „Вокс Лихнидос“ изведе три композиции – тоа „Stabat Mater“ – Z. Kodaly; „Боса Роса“ – Г. Гавриловски и„Only You“ – Yazoo, arr. Voces8, за кои освои 95 бодови и златен медал.
Во категоријата „Духовна музика“ хорот „охридските хористи ги испеаја делата „Agni Parthene“ – St. Nectarius, „Bogoróditse Djévo“ – Arvo Pärt“ и „Tebe Pojem“ – од Стеван Мокрањац, за што од стручното жири доби 88 бода одсноско второ место и освоен сребрен медал.
Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ работи под уметничко раководство на диригентот Бурим Хидри. Хористите ќе бидат дел од уметничката програма што во Охрид ќе се организира по повод одбележувањето на 250 годишнината од раѓањето на композиторот Лудвиг Ван Бетовен.