Шеесет крвни единици беа обезбедени денеска во крводарителска акција во компанијата ,,Еуроникел индустри” од Кавадарци, организирана од кавадаречкиот Црвен крст и екипа од Институтот за трансфузиона медиција на РСМ- Скопје.
– Ова е втора по ред акција во 2020 година во оваа компанија во која со организација на менаџерскиот тим на компанијата, со еден хуман пристап кон вработените и екипата за дарување на крв, акцијата помина во најдобар ред. Оваа акција од година во година станува се помасовна благодарение на добрата соработка на Црвен крст Кавадарци, крводарителите и одговорните лица за крводарување во компанијата. Упатуваме посебна благодарност до крводарителите и менаџерскиот тим, волонтерите на Црвениот крст, рекоа од Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, нагласувајќи дека за време на акцијата беа почитувани сите стандардни мерки за превенција и заштита од коронавирусот.