Субспецијалистот по кардиологија д-р Весна Николовска Неделкова и досегашен портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, од денеска е нов в.д директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, кој е регионален за градовите од Повардарие.

Д-р Николовска Неделкова на крајот на минатата недела ја назначил министерот за здравство Венко Филипче, кога ја разрешил досегашната в.д директорка Анастасија Иванова специјалист по микробиологија и паразитологија.

Како што во неформални разговори информираат вработените во Центарот за јавно здравје, Иванова, е разрешена поради нарушување на меѓучовечките односи и угледот на институцијата, а за што во изминатите месеци пишуваа и повеќе медиуми.

Анастасија Иванова пред седум ипол месеци на 28 април годинава среде пандемија на Ковид, го наследи Тони Димитриев кој беше разрешен откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат при направените контроли открија некои неправилности во неговото работење.