Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Пласница објави победа на денешните избори.

Според податоците на Државната изборна комисија, на изборите во Општина Пласница гласале 4 954 избирачи. Јаоски добил 1 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.

Јаоски најави дека ќе биде градоначалник на сите и оти функцијата ќе ја извршува чесно.

Во претстојните десет месеци ќе ја продолжам реализацијата на проектите во општината во која е направено многу, а јас тоа ќе го продолжам, изјави Јаоски.

Меѓу приоритеите, како што рече, ќе му бидат инфраструктурата и вработувањето на граѓаните.

Претходно честитки за победата на Јаоски преку Фејсбук упати лидерот на ДУИ Али Ахмети.