Хепар Центар Битола и Коалицијата за универзална здравствена покриеност(УЗП) денес го одбележуваат 12. декември – Ден на здравствена покриеност и јавно ги повикаа лидерите во земјава и светот, да го исполнат ветувањето.
-Денот на УЗП има за цел да ја подигне свеста за потребата од силни и еластични здравствени системи и универзално здравствено покритие. Секоја година на 12. декември Хепар Центар Битола како дел од групата застапниците на УЗП го креваме својот глас за да ги споделиме приказните за илјадници луѓе со зболувања на црниот дроб во нашата земја кои сè уште чекаат достапност на одредени третмани и содветни дијагностики за подигнувањена кавалитетот на здравјето во нашата земја. Хепар Цетар Битола ги повикува нашите лидерите да направат поголеми инвестиции во здравството и со тоа да ги потсетиме домашните и светски лидери, посебно сега во време на пандемија, дека Здравје за сите е императив, нагласи Милан Мишковиќ, прв човек на Хепар Центар-Битола.
Како што е познато, на 12 декември 2012 година, Генералното собрание на Обединетите Нации едногласно ја одобри резолуцијата со која се повикуваат земјите да го забрзаат напредокот кон универзалното здравствено покривање (УЗП), насекаде треба да има пристап до квалитетна, достапна здравствена заштита.
На 12 декември 2017 година, Коалицијата го прогласи 12 декември за Меѓународен ден на универзално здравствено покривање, официјален ден назначен од ООН.