СФЕРА Интерншнал донираше три уметнички дела на ЈЗУ Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“-Битола.
Делата со наслов „3 seconds memory“ се создадени од Снежана Петкович, уметник од Нови Сад, Србија, и беа изработени за време на уметничката колонија, во рамки на проектот ECHO (European Cultural Heritage Onstage), кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, каде што СФЕРА беше партнер организација.
За време на оваа уметничка колонија во Битола, четворица уметници од Грција, Србија, Бугарија и Северна Македонија твореа со цел поврзување на современи уметнички креации со темните културни наследства на локални заедници во Европа.
Сите дела кои што беа создадени за време на ликовната колонија беа донирани на институции кои соработуваат со Сфера Интернешнал, односно Друштво на ликовни уметници на Битола, СОУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.