Општина Велес на 12 декември во сабота организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро „Младост“ кога на 10 хектари се планира да се засадат 12 илјади садници.
Во акцијата ќе земат учество: вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции и Здруженија на граѓани.
Од Општина Велес ги повикува сите граѓани да им се приклучат и дадат придонес за враќање на шумата над велешко езеро „Младост“ опожарена во големиот шумски пожар во август 2019 година.
-Почитувани сограѓани, придружете ни се во активностите за ревитализација на нашето Езеро „Младост“,повикуваат од Општина Велес.
Општина Велес ,обезбеди и бесплатни автобусите кои ќе тргнуваат: во 10.15 часот на автобуска постојка спроти “ПАН ТАКСИ” и во 10.30 часот на ул. „Гоце Делчев” спроти Основен суд.
Зборно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е на првите летниковци на Eзeро „Младост“, во 11.00 часот.
Од Општина Велес потенцираат дека носењето маска и држењето дистанца се задолжителни.
Информираат дека бројот на места во автобусите ќе биде ограничен согласно протоколите за заштита од КОВИД-19.
Им порачуваат на учесниците дека поради лизгавост на земјиштето, пожелно е да носат соодветни обувки.
Инаку во минатогодишната акција за пошумување на опожарените површини која се одржа на 28 декември, на 10 хектари беа засадени 13700 садници од дрвца. Како што информираат од Општина Велес, најголем дел од дрвцата се зафатени и добро напредуваат.