Тутунопроизводителите од карбинските села утринава три часа протестираа пред откупниот пункт во село Карбинци. Бараат повисоки цени, но и да се откупи вишокот на произвидените килограми. Најголемиот производител во Општина Карбинци вели дека заедно со неговото шест члено семејство егзистира само од производство на тутун.

-Ние сите работиме тутун, ниту еден член од семејството не е вработен, ниту во фабрика, ниту во државно. Откупот го чекавме за да можеме да го предадеме производеното, вели најголемиот производител.

Забележуваат дека со воведување на четвртата класа не им е исплатливо да го предадат тутнот. Бараат да се најде решение за нивниот проблем. Протестите на тутунарите во карбинската општина ќе продолжат и наредните денови, се до изнаоѓање на решение за нивниот проблем.