Да покажеме дека Куманово е македонски град, дека во Куманово живеат горди Македонци, дека овој град знае да се избори за она што му следува, за неговото право. Основната порака која што сакаме да ја испратиме од Куманово е до оние кои што се уште седат во нивните домови, се уште се премислуваат или имаат сомнение дека можеби ова што оваа влада го испорачува е некакво добро.

Да им порачаме дека ова е најголемото зло што воопшто се случило на Македонија во поновата македонска историја. Дека сега е време да ги надминеме ситните интереси, нашите недоразбирања. ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа на улиците и ги повикува сите граѓани од сите партии, сите вери, од било каква политичка структура, без никаква разлика класна или социјална, да излезат на улица и да ни се придружат во оваа борба, бидејќи не е ова само наша држава, не се работи само за нашиот јазик и не се работи за иднината на вмровските деца.

Се работи за иднината на македонските деца и на македонските граѓани на сите подеднакво, тука се вклучени сите: Албанци, Срби, Египјани, Власи, Роми. Сите сме засегнати, бидејќи она што ни се случува е дефинитивниот крај на Република Македонија, односно Заев распродавачот на македонската историја и македонската иднина, треба да го потпише финалниот договор за поништување на македонскиот народ. Упатувам искрена македонска порака, човечка порака до сите граѓани, да излезат и да ни се приклучат на овие протести, за да се спасиме од ова зло, бидејќи после ова можеби навистина ќе биде доцна.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, изјава на Тони Михајловски


Администратор
05/12/2020 01:36