На вечерашните протести во Пробиштип, Крива Паланка и Свети Николе бараат оставка на власта затоа што Македонија не е лист хартија за бришење и побараа оставка од Заев кој работи против националните интереси.

Жаклина Пешевска, Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип порача: ,,Доколку се случи потпишување на некој лист хартија со кој ќе менува историјата и идентитетот на македонскиот народ веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде поништено и нема да се почитува. Неможе Владо Бучковски да биде тој кој ќе го менува минатото, патем го слушнавме во бугарските медиуми како гордо кажува дека бугарскиот народ бил постар народ од македонскиот па и тоа дека ние постоиме од 1944та година па навака. Лага до лага".

Во Свети Николе претседателката на Унијата на жени на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе на протестот порача:

,,Оставка ! Оставка ! Оставка!

Бараме ОСТАВКА од оваа ненеродна власт која ги заборава националните интереси, заборава што ветила пред граѓаните , го заборава нашето минато и сака да не остави без иднина".

Иван Иванов, член на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка рече дека ,,Многупати не понижуваа, многупати не газеа, но ние сме вистински наследници на идеите и заложбите на Гоце, на Даме, на Ченто, вистински чувари на идеалите за кои паднаа многу жртви минатите векови. Ќе направиме се за светот да не разбере нас како Македонци.Затоа бараме оставка од оваа ненародна власт која не ги застапува македонските интереси“.


Администратор
05/12/2020 01:35