Детската фондација „Песталоци“ денеска донираше 27.000 памучни детски маски за повеќекратна употреба. Маските се наменети за деца од семејства со ниски приходи, односно деца корисници на посебен образовен додаток.

Донираните маски, како што соопштија од фондацијата, ќе бидат поделени во основните училишта во соработка со Министерството за образование и наука и Црвениот крст. Посочуваат дека преку оваа акција придонесуваат кон напорите на државата за заштитата на здравјето на најранливите децата во услови на пандемија.

Детската фондација „Песталоци“ е швајцарска непрофитна организација која работи ширум светот, нејзината визија е да создаде свет каде децата ќе можат да учат и живеат во мир и слобода и затоа се залага за унапредување на инклузивно и правично квалитетно образование за промовирање на одржлив развој и мирен соживот.

Програмата на Детската фондација „Песталоци“ во Република Северна Македонија поддржува интервенции за вклучување на сите деца во образованието со фокус на деца од социјално исклучени семејства и деца со попреченост, понатамошен развој на интеркултурни компетенции и имплементација на правата на децата, како што е пропишано во Законот за образование, стои во соопштението.


Администратор
04/12/2020 15:04