Етимолошкиот корен на поимот нација произлегува од латинскиот збор “nasci”,што значи “да бидеш роден”. Едноставноста на етимолошката димензија на поимот нација не соодветствува со комплексноста на националниот феномен. Имено,во процесот на создавањето на нациите големо влијание има комбинацијата од многубројни културни,психолошки и политички фактори. Во тој контекст,со оглед на многуобразноста на својата детерминантност,нациите имаат свои објективни и субјективни обележја.

Објективните показатели ја определуваат нацијата како “творба на културата”,односно,како група на луѓе кои што говорат на ист јазик,имаат истo потекло,историја и традиција. Меѓутоа,во краен случај нациите себе си можат да се се дефинираат само со помош на субјективните обележја, а тоа се политичките и психолошките чинители. Токму тие чинители овозможуваат во услови на постоење на посебна политичка заедница (т.е.политичка независност), да се создаде националната држава како кристализација на националната идеја (бугарскиот пример-создавањето на бугарското кнежество 1878). На поскромно ниво,тоа политичко тежнение е насочено кон остварување на определен степен на автономија (тежнение на револуционерната дејност на Mакедонската Револуционерна Организација –Македонија да има статус на автономна област во рамките на реформираната Отоманска империја), или како дел од една федеративна држава на словенските балкански држави (македонскиот пример од Втората Светска Војна-создавањето на Народна Федеративна Република Македонија во рамките на Југословенската федерација).

Бугарскиот концепт за поимот нација,во основа се заснова на тврдењето дека бугарската нација е во суштина “културен ентитет”. Тоа значи дека припадниците на бугарската нација својот “органски” или “примарен” идентитет,го изразуваат преку својот цивилизациски културен и јазичен придонес.Бугарскиот граѓанин веќе над 140 години е воспитуван и едуциран преку бугарскиот образовен систем,масовните медиуми и менталната колективна општествена свест,дека бугарската нација се состои од поединци чија што култура,потекло,историски традиции,јазик и начин на живот се слични на неговите. При тоа,се придава огромно значење и се анализира само еден дел од историскиот развој на населението кое што живеело на бугарскиот географски простор,поточно од крајот на седми век по Христа,до денес. Главен фундамент на бугарската нациионална политичка доктрина е тврдењето дека “етносот бугарин”,кој што е составен дел со другите етноси од историскиот период на Првото и Второто средновековно бугарско царство,е национален супстракт на бугарската нација уште од средновековието. Основен недостаток на овој историски концепт е дека Првото и Второто средновековно бугарско царство се со феудално општествено уредување.Тоа е историски период на пред-модерните земјоделски општества,каде што племенската и родовска феудална мрежа и лојалноста на закрепостените селани на феудалниот имот кон својот господар,го определува населението да се поистоветува со името на “својот” феудалец,или се идентификувалoспоред името на територијата што тој ја поседувал. Конечно,верската припадност била клучна за националната идентификација на населението во тој историски период-христијанин, муслиман,евреин...

Овој вид на “органска” бугарска теорија за нација која штo трае над 1.300 години е крајно проблематична?! Определбата одделните етноси-бугари,аромани,мизијци,скити,македонци,евреи…да бидат историски толкувани како бугари по род,затоа што се дел од Првото и Второто бугарскосредновековно царство,има свои огромни историски недоследности. Клучна недоследност е што “органската бугарска национална теорија” нема доволно јасни одговори за појавата на бугарскиот национализам,точно во одредено време и на одделен географски простор,поточново границите на новоформираното бугарско кнежество во 1878 година. Пред тој период,дури и апостолите на бугарското национално дело-Васил Левски и Христо Ботев,биле посветени кон интернационални идеи за ослободување на сите словенски народи од Отоманската империја,а Х.Ботев мечтаел и за федерација на слободни балкански народи. Определбата на бугарските историчари за апсолутен унисон кон “органската бугарска национална теорија”,има за цел да се избегне историска дебата во кои и какви историски околности, е настаната модерната бугарска држава во последната третина од 19-от век.Ако се навлезе подлабоко во анализа на историските околности, кои што довеле до создавање на бугарското кнежество во 1878 година како посебна политичка заедница,се поставува неминовно прашањето и за политичкиот карактер на бугарската нација,чие што формирање (се разбира уважувајќи ги аргументите за бугарскиот културен идентитет) е реализирано со окончувањето на големата источно- европска криза,која што траела од средината на 19-от век,се доБерлинскиот конгрес во 1878 година. Берлинскиот конгрес е несомнено политички чин,кој што овозможува Србија,Бугарија и Црна Гора да добијат политичка независност-статус на кнежества.Бугарските историчари ги избегнуваат анализите на политичките чинители,кои што несомнено имале влијание во создавањето на бугарската држава,затоа што се во противречност со природата на “органската национална теорија”.Тука пред се мислам,на влијанието на офанзивните дејства на руската армија во руско-турската војна 1877-1878 година,која што во број од над 300.000 војници учествувала во ослободувањето на бугарскиот географски простор заедно со бугарските востанички сили,а царска Русија има значајна улога во подоцнежното формирање на бугарските државни институции(1878-1886).

Културните обележја на бугарската нација дефинитивно го определуваат и карактерот на бугарскиот национализам.По сите свои обележја,бугарскиот национализам го одбележува висок степен на етничко единство и историска традиција,односно,бугарскиот национализам и бугарскиот етнички идентитет се поклопуваат.Така поврзани во силно историско чувство за национално единство,бугарскиот национален патриотизам обезбедува политичко и социјално единство. Со засилена активност во образовниот процес,преку масовните медиуми и политичката социјализација на бугарското граѓанство,бугарската држава го потхранува бугарскиот конзервативен национализам до денешни дни.Таквата национална доктрина обезбедува бугарскиот патриотизам и националната свест, да бидат втемелени во идејата за континуитетот на трите бугарски царства. Основна цел на овој конзервативен национализам е одбрана на бугарските вредности и институции,кои што историски се верифицирани од бугарската наука,како континуитет од 681 година по Христа,до денес. Во демократска Р.Бугарија(10 ноември 1989),конзервативниот бугарски национализам се јавува како медикамент за лекување на бугарската национална свест,осетно заслабенавовремето на социјалистичкиот период на бугарската држава (1944-1989) ?! Хистеричното повикување на бугарската патриотска верност претставува силен аргумент, во борбата против интернационалната класна солидарност на бугарската работничка класа.Се што е остаток на социјалистичка свест од минатото на бугарската држава,се смета за внатрешен непријател на современата демократска бугарска држава.Како надворешен непријател на бугарскиот патриотизам се сметаат феномените на имиграција и интернационализмот.Навистина е чудно како бугарската држава која што е земја-членка во ЕУ и НАТО,кои што по својата природа се меѓународни над-национални тела,успева околунепостоечкиот проблем од современа европска димензија-“македонското прашање” да изгради политичка бариера од нетолерантност и предубедувања,стереотип на националните разврскии расправии на европскиот континент од 19-от век.

Објаснувањето за овој модерен тип на бугарски конзервативен национализам кон т.н.р. “македонско прашање”се состои во “забошотување” и “бегање” од историските факти,за бугарскиот милитаристички и експанзионистички национализам во Балканските војни,Првата и Втората Светска Војна во дваесетиот век. Во тие војни бугарската држава во тринаврата освојува делови од македонскиот географски простор,со образложение дека со тој чин “се обединуваат” средновековните бугарски територии-Мизија,Тракија и Македонија?! Таканаречените “Ослободителни Балкански војни 1912-1913” под превезот за ослободувањето на Македонија од отоманското владеење,ја прикриваат вистинската цел на младатабугарска монархија,во договор со грчката и српската монархија.Таа цел е поделба на македонскиот географски простор, што има конечна разрешница со анексија од страна на бугарската држава на пиринскиот дел и струмичката област,верифицирано со Букурештанскиот мировен договор-10 август 1913.

Основен супстракт на бугарскиот хистеричен национален патриотизам кон “македонското прашање”е национал-шовинистиичката доктрина,чиј што темел е ирационалното верување за единството и посебноста на бугарската нација и нејзината надмоќ над другите балkaнски држави и народи.За национал-шовинистичката доктрина неопходно е постоење на непријател(во македонскиот случај,се се сведува на “несреќниот факт за Р.Бугарија”,за реална состојба-постоење на македонска држава,нација и јазик).На реалните факти за меѓународно признавање на сите атрибути на македонската држава која што постои веќе 76 години,бугарската страна одговара со презир и омаловажување,а истовремено се употребуваат политички клишеа од типот “крадење на бугарската историја” и “политичка конструкција на историската вистина”.Едноставно,бугарската историска наука со крајна нетолерантност и предубедувања,ги негира сите обиди македонската историска наука да ги презентира своите научни докази за револуционерно-еволутивниот процес на создавање на македонската држава,нација и јазик.Бугарскиот национал-шовинизам поставува реска граница помеѓу” своето бугарско-свето и вистинито” и “туѓото македонско-лажно и изопачено”,за да може бугарското национално чувство да биде посилно,поекстремно и обоено со романтичарски дух кон поимот,топонимот-Македонија и етнонимот-македонец.

Среќна околност за македонската историска наука е што постојат пишани документи и тоа во бугарските архиви од видни бугарски општественици,писатели,интелектуалци,научници и филозофи,кои што прилагаат несоборливи аргументи апсолутно противречни со ставовите на бугарскиот конзервативен национализам.

Најдобри и најрелевантни информации за развојот на македонската национална идеја во 19-от век,приложува Петко Рачо Славејков во неговата статија “За македонското прашање”,објавена во весникот “Македонија” во 1871 година во Истанбул.П.Р.Славејков го регистрира постоењето на македонско национално движење за самостојно решавање на македонското прашање.Тој објаснува дека забележал пројави на македонска национална свест пред повеќе од една деценија,уште во шеесетите години на 19-от век.Дополнува дека тој лично во 1870 година ја потценилсилата на македонистичката идеја.Славејков пишува:”...Моите директни контакти со македонистите ми докажуваат дека македонската идеја не е само празно зборување,туку идеја со многу потенцијал за оживотворување...”.Во февруари 1874 година,П.Р.Славејков е пратен од бугарскиот егзарх Јосиф во Солун,со цел за ширење на бугарската кауза.Од Солун,во месец февруари истата година,со свое писмо до Егзархот,П.Р.Славејков рапортира:“…македонистите инсистираат дека не се бугари и бараат своја одделна црква...”.На крајот од писмото тој констатира:”...Ако не се преземат енергични чекори, постои опасност оваа тенденција да прерасне во масовни пројави.Тогаш, последиците би биле многу поголеми...”.Два дена подоцна,во свое друго писмо до Егзархот Јосиф тој дообјаснува:”...Македонистичките идеи подразбираат не само религиозна, туку и национална еманципација на населението во Македонија...македонскиот сепаратизам се проширува од религиозни, кон пошироки национални фундаменти...”.

Богато сведоштво за силината на македонската национална идеја даваат и писмата на Егзархот Јосиф до бугарската влaда кон крајот на 19-от век.Тој во своите писма кон крајот на 19-от век,дава своја забелешка за потрошените финансиски средстваза активноста на Бугарската егзархија во Македонија:”…Подобро ќе беше да ја откупиме Македонија од турците,отколку преку нашите активности да се убеди македонското население во внатрешноста на Македонија дека се бугари...”.Егзархот Јосиф дополнува:”Едно е македонскиот емигрант во Бугарија да се чини бугарин...во внатрешноста на поробена Македонија,ниту за пари тој процес не се одвива согласно очекувањата”.

Посебно автентична и пред се хуманистичка политика кон “македонското прашање” имаат бугарските социјалисти од преодот на деветнаесетиот кон дваесетиот век-Благоев,Бакалов,Димитров...Знамето на бугарската социјалистичка партија,Димитар Благоев,роден во с.Загоричани,Егејска Македонија,едуциран со социјалистички идеи во бугарската држава,како член на бугарското собрание на 10 декември 1917 година од собраниската говорница,говорејќи за тешката судбина на населението во Македонија,како последица од воените дејства на Mакедонскиот фронт во Првата светска војна истакнува:”...Што се однесува до насeлението во Македонија,треба да му се дозволи само да се определи за својата националност,јазик и вера...”,а на провокациите од собраниските клупи,Благоев одговара:”...што се однесува до мојата национална определба,јас не сум бугарин,туку словен...!!”

Марјан Ѓорчев (Продолжува)


Администратор
01/12/2020 10:58