Оваа „понуда“ за избори во Штип не е ни малку чесна затоа што претставува еден расипнички однос и неможност да се согледаат реалните случувања во земјава.
Штип има во моментов има 550 активни случаи на заболени од коронавирус, 2622 од почетокот на пандемијата. Со катастрофалното справување со здравството на Венко кое ескалира секој ден, оваа бројка само ќе расте, пандемијата се шири без контрола, ама на СДСМ поважно им е да имаат градоначалник плус, додека смртноста се зголемува.
СДСМ да имаше емпатија спрема сопствениот народ немаше да оди на избори на кои попусто ќе се трошат пари за осум месечен градоначалник. Очигледно намерата е друга, бизнис интересите кои Сашко Николов треба да му ги врши на Заев се приоритет, не здравјето на граѓаните.
Кандидатот за Штип кој сам ќе се избира, како доктор приоритет треба да му биде здравјето на своите сограѓани, штета што неговата професија е злоупотребена за личните интереси на премиерот во заминување Зоран Заев, наместо во борбата против пандемијата.
СДСМ која сама ќе оди на избори е далеку од плурализмот во демократијата за која вели дека се залага. Ниту Штип, ниту Македонија во рацете на сервилниот Заев не е во сигурни раце.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ