Општина Василево почна со асфалтирање на последните 1.700 метри од од вкупно четири километри долгиот локален патен правец меѓу селата Чанаклија и Нова Маала. Со новата делница комплетно ќе се заокружи изградбата на овој патен правец, кој се асфалтираше во етапи.

Како што информираат од Општина Василево, завршувањето на изградбата на овој патен правец била пролонгирана заради избор на нов изведувач и состојбата со пандемијата од коронавирусот.

Изградбата на патот меѓу селата Чанаклија и Нова Маала чини 15 милиони денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.