Општина Илинден ќе ги вклучи жителите на општината во процесот на креирање на буџетот и распределување на средствата за реализација на проекти по електронски пат.

-Општина Илинден ја практикува транспарентноста и граѓанското учество во креирањето на Буџетот, во насока на реализирање на барањата и потребите на граѓаните за овозможување и создавање на квалитетни услови за живеење, информираат од општината.

Прашалникот може да се пополни преку веб страната на Општина Илинден, ilinden.gov.mk.


Администратор
26/11/2020 13:17