Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани девет починати и 704 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 391 пациент, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 948 од вкупно 36.253 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 22.137 лица кај кои е откриен вирусот, а активни во моментов, според официјалните податоци, се 13.168 случаи.

Вчера се извршени 1.651, а вкупно досега 135.969 тестирања со методот РТ-ПЦР.


Администратор
25/11/2020 23:36