Кристина Нановиќ, со фотографијата насловена „Early morning“, ја доби првата награда во износ од 50.000 денари на конкурсот за најдобра фотографија на Скопје, што беше распишан во рамки на Скопската фото недела (Skopje photo week). Второнаграден со 25.000 денари е Александар Стојчевски со фотографијата „ЕВН“, а добитник на третата награда од 15.000 денари е Александар Атанасовски, со фотографијата „Рибарот под камениот мост“.

Организаторите информираат дека од речиси 1200 пристигнати апликации од кои над 800 кои биле постирани на Инстаграм на хаштагот #SPW2020, 9 членото жири ги додели и паричните награди.

– Ани и Дими, Кристијан Теодоров, Ангел Анеловски, Тwo Clicks, Влатко Рафески, 3D Baba и Томислав Георгиев, беа дел од овогодинешните предавачи, а публиката можеше директно да поставува прашања и да експериментира со своите објективи во реално време, посочуваат организаторите на настанот.

Посебна награда за најдобра „инста фотка“ во висина од 10.000 денари ја доби корисничката @anemichaela и нејзината фотографија од ГТЦ.

Дополнително, жирито и организаторите селектирале уште 20 најдобри фотографии кои биле пријавени, а кои ќе бидат дел од богатото наследство кое го гради скопската фото недела.


Администратор
25/11/2020 18:03