Општина Аеродром денеска почнува со акција за чистење на реоните во населбата Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булеварот „Февруарски поход“.

– Во акцијата ќе биде опфатено чистење на комуналниот отпад од јавните површини, метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на дивите депонии, соопштуваат од Општината.

Општината ќе ја вклучи целата расположлива механизација во спроведување на акцијата: 50 работници, девет рачни машини за чистење и дезинфекција на јавни површини, две возила за метење, два камиона, три ѓубретарки и механизација за чистење депонии. Во акцијата ќе бидат вклучени и новите машини за чистење во рамките на новата реорганизација на комуналната служба, како и новиот оперативен план за чистење на Општината.

Од Општина Аеродром информираат дека ваквите акции за чистење ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на општината и апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот во услови на пандемија и зголемено загадување.


Администратор
21/11/2020 12:36