Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3200 тестирања, а регистрирани се 1237 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-506, Куманово-34, Штип-55, Прилеп-91, Тетово-51, Струга-31, Велес-67, Битола-30, Охрид-26, Кавадарци-31, Гостивар-75, Гевгелија-23, Струмица-38, Крива Паланка-8, Радовиш-11, Крушево-12, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-7, Македонски Брод-4, Берово-1, Валандово-6, Виница-3, Делчево-2, Кратово-5, Свети Николе-24, Кичево-36, Ресен-13, Неготино-29.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-284, Куманово-49, Штип-32, Прилеп-61, Тетово-69, Струга-5, Велес-51, Битола-28, Охрид-13, Кавадарци-14, Гостивар-35, Гевгелија-12, Струмица-25, Крива Паланка-7, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-15, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Валандово-3, Делчево-5, Свети Николе-8, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-5.

Починати се 39 лица, десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 52449, бројката на оздравени пациенти е 30952, на починати е 1462, а бројот на активни случаи изнесува 20035. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 23069, активни 9692

• Куманово 3308, активни 910

• Дебар 421, активни 86

• Штип 2352, активни 525

• Прилеп 2471, активни 997

• Тетово 3372, активни 960

• Струга 1212, активни 365

• Велес 1654, активни 761

• Битола 1609, активни 784

• Охрид 1324, активни 576

• Кавадарци 1000, активни 429

• Гостивар 1981, активни 667

• Гевгелија 621, активни 219 (39 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 114 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1492, активни 585

• Крива Паланка 373, активни 119

• Радовиш 374, активни 123

• Крушево 100, активни 65

• Кочани 1098, активни 315

• Пробиштип 304, активни 67

• Демир Хисар 165, активни 73

• Македонски Брод 139, активни 28

• Пехчево 94, активни 31

• Берово 308, активни 81

• Валандово 165, активни 54

• Виница 325, активни 163

• Делчево 376, активни 163 (101 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 142, активни 80

• Свети Николе 730, активни 233

• Кичево 1059, активни 460

• Ресен 382, активни 150

• Неготино 429, активни 274 (44 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3200 теста се преку: ИЈЗ-943, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-401, Биотек-317, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори)-253, Систина со PCR метода -265, лабораторија Лаор –34, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-51, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -550, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 306.481 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 607

• Гази Баба – 1437

• Аеродром -1410

• Карпош – 1201

• Центар – 1175

• Кисела Вода – 1195

• Ѓорче Петров – 791

• Бутел - 534

• Шуто Оризари – 165

• Студеничани – 51

• Сарај – 139

• Арачиново -34

• Илинден – 249

• Сопиште – 63

• Чучер Сандево – 106

• Петровец –117

• Зелениково -68

• Странец – 171

• Нераспределен- 179


Администратор
21/11/2020 01:06