Од понеделник, заболените од Ковид-19 ќе се лекуваат и на постоечкото психијатриското одделение во Куманово.
Оваа информација денеска ја потврди директорката на кумановската болница, Снежана Захариева и посочи дека се завршени техничките подготовки за преадаптација на одделението за психијатрија.
– Пациентите ќе се сместат на делот што е неврологија, персоналот и работните соби ќе бидат на психијатрија-изјави Захариева.
Со адаптацијата се очекува да се добијат дополнителни дваесетина кревети за болните.
Капацитетот на инфективното одделение со недели веќе е пополнето, информираа претходно и надлежните од јавната здравствена установа и од Министерството за здравство. Ова не е првпат да се преадаптираат простории за заболените од Ковид 19. Во првиот бран, во март и април, во Куманово поради пополнети капацитети и тогаш на инфективното одделение, беа преанаменети просториите на одделението за уво, грло и нос за потребите на пациентите заболени од Ковид 19.