Отворен е повик за пристап до лабораторијата за нанобиотехнологија во рамки на Заедничкиот истражувачки центар (Joint Research Center-JRC) на Европската комисија во Испра, Италија. Лабораторијата е отворена за соработка со универзитетите, истражувачките организации и бизнис-секторот.

Лабораторијата за нанобиотехнологија содржи најсовремени опремени објекти дизајнирани да поттикнуваат интердисциплинарни студии. Посебен акцент се става на карактеризацијата на наноматеријалите, микро (нано) пластиката, наномедицината, напредните материјали и нивните интеракции со биолошките системи, како и на откривањето, идентификувањето и карактеризацијата на наноматеријалите во храната и потрошувачките производи. Во повикот кој е објавен на веб-страницата на МОН се наведени приоритетните теми.

Обезбедени се трошоци за патување и поддршка за егзистенција на членови на институции кои аплицираат од асоцијативни земји кон ЕУ меѓу кои и од нашата држава.

– JRC го олеснува пристапот до лабораторијата за нанобиотехнологија со откажување од трошоците за пристап и особено преку обезбедување патување и егзистенција на корисниците кои го посетуваат JRC од институции од земји подобни за акција за ширење на извонредност и проширување на учеството, се наведува во соопштението за повикот.