Увозот на употребувани моторни возила во државата во првите девет месеци од годинава е значително намален. Ако лани во овој период се увезени над 26.000 илјади половни патнички возила, годинава се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42 отсто, покажуваат последните податоци од Царинската управа (ЦУ).

-Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од воведувањето на механизмите во новиот данок на моторни возила, чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2 (јаглероден диоксид), што веќе се покажува и во пракса. Ова значи помал влез и користење на возила кои драстично го загадуваа воздухот во државава, велат од Царинската управа.

Увозот, пак, на нови патнички возила е намален за 18 отсто. Лани во првите девет месеци биле увезени над 6.300 нови возила, а оваа година се увезени околу 3.800 возила.

-И покрај намалениот број на увезени возила, приходите остварени со примената на новиот данок на моторни возила кој ја замени акцизата, бележи позитивна разлика во приходот за над 280 милиони денари или 4,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, што претставува пораст од над 50 отсто, посочуваат од Царинската управа.


Администратор
30/10/2020 16:36