Скопскиот регион со 43,2 отсто има најголемо учество во бруто-домашниот производ (БДП) на државата во 2019 година, а Североисточниот регион со 4,8 отсто – најмало.

Според податоците на Државниот завод за статистика, поголем бруто-домашен производ по жител од просечниот имаат Скопскиот регион и тоа за 41,8, Вардарскиот за 9,0, Југоисточниот за 7,5 и Пелагонискиот регион за 3,5 отсто. Сите други региони имаат потпросечен бруто-домашен проивод.


Администратор
30/10/2020 16:14