Во септември годинава прометот во трговијата на мало е намален во споредба со истиот месел лани, соопшти Државниот завод за статистика.

По групи и класи, намалување на прометот е забележано кај Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 2,3 отсто, а реално за 5,3), кај Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12,8, а реално за 13,2), кај Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8, а реално за 9,6), како и кај Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 30,1, а реално за 20,9 отсто).


Администратор
30/10/2020 16:14