Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) денеска истовремено во Скопје, Белград, Приштина,Тирана, Подгорица и Сараево, ќе ја ја започне иницијативата „Дрво на пријателството” со садење на 400 дрва во сите регионални главни градови.

Во Скопје, ко-организатори на настанот се македонската компанија Treebanks, заедницата на еко-активисти Скопје Смог Аларм и платформата AirCare (Мој Воздух), кои ќе засадат 60 дрва од видот платан во Општина Аеродром, во паркот на булевар „Србија” наспроти полициската станица во Аеродром.

Организаторите се одлучија за оваа акција со цел да се подигне свеста за проблемот со аерозагадувањето. Минатата година, Скопје и многу градови во регионот беа на врвот на листите на најзагадени градови во светот, а садењето дрва е еден од наједноставните и најважните чекори во борбата за чист воздух.

– Сметаме дека се потребни конкретни акции и иницијативи на локално и регионално ниво за зелено заздравување после пандемијата со корона вирусот. Потребно е трансформација на градовите преку инвестиции во подобра инфраструктура за пешаци и велосипедисти, инвестиции во обновливи извори на енергија, урбано планирање фокусирано на заштита на животната средина, велат од Скопје Смог Аларм.


Администратор
30/10/2020 15:14