Вистински скандал е што наместо оставка на Жарко Караџовски за над 900 починати лица поради КОВИД пандемијата, градот Скопје, Петре Шилегов и власта на Заев му дадоа награда 13 Ноември.

Тоа преставува деградирање и омаловажување на самата награда. Заслугите на Жарко Караџовски се тоа што во земјава дневно се заразуваат над 800 лица, Градот Скопје е главен корона кластер и сме држава со убедливо најголем процент на починати лица по глава на жител во регионот.

Дополнително во составот на комисијата која одлучува за наградата 13 Ноември е и советникот на Зоран Заев Љубиша Станковиќ, што значи советникот на Заев му доделил награда на сатрапот на македонското здравство Караџовски, а Шилегов тоа го одобрил.

Секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата 13 Ноември.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
30/10/2020 13:45