Слоу Фуд Водно денеска ќе организира онлајн работилница „Новинарската заедница во Слоу Фуд – гласот на промените преку храната“.

– Преку оваа работилница имаме за цел да креираме фокус група од новинарската заедница инволвирана во мрежата на Слоу Фуд Македонија, која ќе се залага за градење на партнерство, преку доближување и запознавање на пошироката јавност со актуелните теми во системот за храна. Истовремено, со оваа работилница имаме за цел да ја поттикнеме јавноста, но и новинарската фела кон истражувачки дејности за влијанието на системот за храна кон животната средина и климатските промени, како и влијанието на климатските промени врз системот за храна, велат од Слоу Фуд Македонија

Работилницата се организира во рамки на пректот „Храна за промени како одговор на климатските промени“ координиран од Слоу Фуд Водно во партнерство со Слоу Фуд Македонија и Слоу Фуд млади Македонија, а финансиран од Европската комисија преку програмата за регрантирање на Еко-свест ДЕМ и ЦНВП која е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени”.