Професорот Владимир Милчин кој во јавноста важеше за еден од поблиските луѓе на Зоран Заев во неговата борба за буткање на „режимот“ на својот фесјбук профил ја коментира актуелната политичка ситуација во однос на барањата на Бугарија за европскиот пат на Македонија,
- Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово.
Морбидно е тоа што раздавањето го прави кога вирусот како црна чума добива на сила и со вртоглавиот раст на бројките ги празни улиците и ја пренасочува загриженоста на граѓаните на прашањето како да се преживее.
Мачно е да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ. Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот, коментира Милчин.