Постои постојана борба со сите лажни информации. Но во оваа борба никој не треба да биде сам, ниту Владата, ниту невладините организации, ниту медиумите, ниту другите институции во општеството. Потребни се комбинирани напори и соработка меѓу разни чинители. Медиумската писменост е многу важна, а со појавата на интернет и социјални мрежи, станува уште поважна.

Ова е еден од заклучоците на денешната панел-дискусија на тема „Пристапи во борбата против борба против дезинформации, со посебен акцент на дезинформациите поврзани со пандемијата на Ковид-19.

Дискусијата е организирана во рамки на Деновите на медиумска писменост, преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“, со поддршка на Европската Унија.

Според Бардил Јашари, извршниот директор на фондација „Метаморфозис“ медиумската писменост иако секогаш била важна, станува уште поважна сега со појавата на интернет и социјалните мрежи. Медиумската писменост, како што рече, треба да ги вклучува и дигиталните технологии, посебно интернетот, бидејќи сите корисници на интернетот без оглед на тоа дали се млади или возрасни имаат потреба од вештини и знаење кои ќе им помогнат безбедно да сурфаат и да учат и рбаотат на интернет.

Додаде дека критичко мислење станува уште поважно, односно не е доволно само да се знае како да се користат новите технологии, како да се сурфа, но и како политички да се размислува.

-Ние како корисници на информации кои доаѓаат од разни извори треба да бидеме во состојба да ги анализираме, да ги ставиме во одреден контекст да ги поврзуваме со други информации, да размислуваме критички и да бидеме во состојба да го процениме нивен квалитет и самостојно да донесуваме одлуки и судови базирани на факти, рече Јашари на панел дискусијата.

Тој ја истакна и важноста да се градат партнерства со други медиуми од регионот бидејќи според него, дезинформации не познаваат граници, поточно многу дезинформации се преведуваат и пренесуваат кај нас.

-Важна е соработката меѓу различни чинители од разни сектори, дека никој не може во оваа борба да биде сам, ниту Влада ниту невладините организации ниту медиумите па ниту другите институции во општеството, треба комбинирани напори, и пристапот на Мермафозис не само во овој процес на развој на медиумите и сите наши активности сметаме дека сме многу поуспешни ако ги вклучиме сите засегнати страни и сите на еден или друг начин го даваат придонесот во нашите заеднички цели, додаде тој.

Зоран Бојаровски, советник на претседателот на Владата за медиумски реформи на панел дискусијата посочи дека постои перманентна, континуирана борба со сите лажни информации кои се промовираат, застапуваат, се шират и нанесуваат огромни штети за сите – за поединци, рганизации, влади, меѓународни организации..

Тој додаде дека Влада е максимално транспаренатна, отворена за соработка со сите медиуми, медиумски организации кои учествуваат во борбата против лажните вести.

Посочи дека Владата нема ексклузивно место во борбата со овие појави и таа има свои обврски со кои треба да дејствува во таа заедничка борба и тие се важни и суштински.

Според Бојаровски, овие принципи како што се транспарентност, отвореност и инклузивност во целата оваа работа беа стартна позиција на Владата во однос на креирање одговори на заканите кои се случуваа заради лажните информации и дезинформации.

-Уште на 12 март, еден ден по прглаасување на првата вонредна состојба Владата преку соопштение за јавноста, а потоа и на прес-конференции потсети дека ширењето на лажните вести е казниво според актуелниот Кривичен законик. Ние тоа го направивме затоа што знаевме со што ќе се соочиме. Направивме и официјален комуникациски канал на кризниот штаб за справување со корона кризата, потоа огранизиравме секојдневни прес-конференции на кои дозволивме сите прашања да бидат одговорени, организиравме и бирфинзи, додаде Бојаровски.

Според Марина Тунева, извршна директорка на Совет за етика во медиумите на Македонија, борбата против лажните вести подразбира заедничка координација и вклученост на сите релевантни актери.

-И ние како и повеќе организации се соочивме со бројни предизвици следејчи го феноменот на ширење на дезинформации но и воопшто во однос на следење на информациите. Она што решивме да го направиме како граѓанска организација е да реагираме преку соопштенија со кои на колегите новинари побаравме да се известува професионално, да се избегнува сензационализам во информирањето, да помогнат професионалните медиуми во разобличувањето на пропагандата, лажните вести, дезинформации, посочи Тунева.


Администратор
29/10/2020 17:13