По повод 44-годишнината од формирањето на Општина Карпош, за заслужен граѓанин на Карпош, се прогласува Јорда Манасиеска, истакната одделенска медицинска сестра, дел од Одделот за респираторни инфективни болести во склоп на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. За извонредно големиот придонес во лекување на граѓаните од Ковид – 19, но и на полето на здравството, на Манасиеска ќе и се додели Плакета за заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2020 година. Исто така, признание за заслужен граѓанин на Карпош за минатата 2019-та година, ќе добие актерот Никола Ристановски.

Општина Карпош, ќе префрли 80.000 денари на Црвениот крст на град Скопје, за подготовка на 80 пакети за социјално-загрозени домаќинства од територијата на Општина Карпош. На седницата, се изгласа и одлуката за оглас за стипендии за ученици и талентирани спортисти од десетте основни училишта во Карпош.

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците ги изгласаа одлуките со кои ќе им се додели 300.000 денари финансиски средства за реализација на проект од областа на спортот на „КК ТФТ Карпош“, за учество во првата кошаркарска лига и 100.000 денари финансиски средства на КК „Водњански лисици“, за учество во кошаркарска лига .

Со одлука на членовите на Советот, се одобрија и 140.000 денари, средства за реализација на проектот „Компостирање-предизвик на нашето секојдневие“, од областа на детската, социјалната и здравствената заштита, како и 220.000 денари за проектот „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања“.

Исто така, беше прифатено и спонзорството од „ПроКредит банка Скопје“ во добра-жива ограда и садници во дворот на ООУ„ Лазо Трповски“, како и спонзорство од ДТПУ „Грандексорп ДОО Скопје“, во добра-садници листопадно дрво ( 35 парчиња), во дворот на ООУ „Лазо Трповски“.


Администратор
29/10/2020 15:40