Два неуспешни обиди и целосно избришан твит е резултатот на твитер акаунтот на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
Имено, Пендаровски, на својот официјален твитер профил објави честитка во која го честиташе Денот на независноста на Чешката Република, пингувајќи (означувајќи) го нивниот претседател Милош Земан. Но всушност профилот кој беше пингуван не беше профилот на Претседателот на Чешка, туку сосема некој рандом акаунт на твитер.
И во вториот обид Пендаровски пингуваше погрешна личност, односно рандом твитер профил под името CzechPresident.
Откако на твитер почнаа да се потсмеваат со објавите на Претседателот, твитот беше целосно избришан.