Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски преку фејсбук статус му порача на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев нареден пат да не избрзува во 00:00 часот навечер со закажување на протести бидејќи е подобро кога се размислува со трезвена глава.

- Ви кажав дека ќе го откаже протестот. Науката штом кажала дека протест закажан на полноќ нема да се одржи 94.9%, мора да и веруваме.

Затоа, друг пат размислување со трезвена глава.

Утрото е попаметно од вечерта, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски после откажаниот протест на кавадаречкиот грдоначалник Митко Јанчев.

Претходно Арсовски реагираше после најавата за протестот, а го напиша следното:

Легендата вели: Секој оној кој што закажува протест околу полноќ, според сите светски параметри 94,9% се одложува и не се одржува или е неуспешен и не ја постигнува целта (целта сигурно нема да биде постигната). Велат дека утрото е попаметно од вечерта, се размислувало со трезвена глава и тоа било причината за точноста на легендата.

Се плашам дека ова може да стане лоша пракса, од причина следна: Обичен граѓанин, оди во продавница пред полноќ, купува продукт, не му се допаѓа амбалажата и закажува протест пред седиштето на фабриката која го произведува. Одма тука настанува проблем на јавно мнение.

На пример, може и да се протестира заради загадувањето, од причина што од што е презагадено, може да не го најдат седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, така би биле поуспешни. Исто може да се протестира и за корона пандемијата, ама за овие два протести најверојатно нема одобрение од екипата која славела во Банско.

П.С.: Сигурно била јака частовка и јако главење, штом две и пол години ги држи атмосферата, напиша на својот Фејсбук профил Арсовски.


Администратор
28/10/2020 18:39