Министерството за образование и наука информира дека го повлече учебникот Македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

– Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма, соопшти МОН, додавајќи дека продолжува со силни реформски процеси во образованието и со обезбедување квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.

МОН информира дека е во тек подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието

Претходно, дел од родителите на ученици на оваа возраст реагираа за делот од учебникот во кој се зборува за трпеливост, односно се раскажаува како еден селанец кој и се налутил на сопругата ја дигнал секирата да ја заколе но се сетил на советот дека треба да изброи до 15 пред да го направи тоа што го наумил.