На секое барање на Бугарија, Македонија може да излезе со свое контра барање, повикувајќи се принципот на реципроцитет, смета поранешниот амбасадор на Македонија во Велика Британија, Јован Донев. Па така, ако Македонија треба да гарантира дека нема територијални претензии, тогаш пред се тоа треба да го направи Бугарија, бидејќи таа го слави денот на Санстефанска, нагласува Донев.
-Ако Советот на Европа укажува дека постои македонско национално малцинство во Бугарија, сите тврдења на бугарската страна и упатувања и обвинувања кои се упатуваат кон Македонија дека сме фалсификувале историјата не се точни. Македонците во Бугарија не ги создал Тито, ако нас не создал Тито како што тврдат Бугарите, вели Донев.
Тој смета дека Македонија нема сериозни политичари за борбата.
-Ако имаме ние сериозни дипломати, ако имаме сериозна Влада и сериозна опозиција, тоа морам да го кажам, тогаш тоа можеме да го искористеме и да ги вратиме назад работите каде што им беше местото. Затоа што Бугарите ја изместија благодарение на тоа што нашата Влада нема стратегија да го реши прашањето. Клучниот момент е дека пред се треба да имате храбри политичари во Македонија, за жал ги немаме, луѓе кои што знаат да се спротистават, да си бранат својата нација, изјави Донев.