Синдикатот на полицијата на Македонија поради крајно лошата положба на полицијата во Македонија организираше протест пред МВР со кој го искажаа својот револт.
Тие од протестот побараа неколку работи од раководството на МВР односно, тендер за сите видови на униформа во Полицијата, СТОП за незаконските распоредувања, ДОДАТОК за борбата против коронавирусот, НОВ Колективен договор во МВР, ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР, СТОП за МОБИНГОТ, подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО во МВР, СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ НА СПМ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата, признавање на СПМ во МВР – одблокирање на ЧЛЕНАРИНА.