Царинската управа на Република Македонија во соработка со Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Светска банка денеска и утре ќе биде домаќин на третата годишна конференција за едношалтерски систем за размена на податоци.

На конференцијата, како што соопшти Управата, ќе учествуваат претставници од земјите од Западен Балкан и меѓународните организации кои помагаат во олеснувањето на трговијата во регионот (ОН, Светска Банка, ЦЕФТА и ЕУ).

-Следејќи ги препораките на двете претходни работилници што се одржаа во 2018 и 2019 година, на оваа конференција ќе бидат разработени препораките за поттикнување на имплементацијата на меѓународните стандарди за размена на податоци. Ова претставува клучна конференција со оглед на тоа што Република Македонија, Албанија и Србија од минатиот месец го почнаа проектот за развој на нов едношалтерски систем – Single Window за издавање дозволи и одобренија при увоз или ивоз на стоки, што треба да придонесе за значително подобрување на деловната клима и побрзо движење на стоки преку граница, информираат од Царинската управа.


Администратор
27/10/2020 09:55