Шефот на дипломатијата Бујар Османи им порача на членовите на мешовитата комисија да биле поблаги во изразите, после пораката на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Имено, откако Ковачев побара од сите споменици во Македонија да биде тргнат називот „бугарски фашисти“, Османи , нагласувајќи дека не сака политички да се меша, им сугерираше на историчарите.

Од комисијата коментар нема. Но, другите историчари се револтирани:

-Тој сака да влијае политички. Бујар Османи, морам да ве потсетам смета дека државнотворни документи на денешната македонска држава се Преспанската спогодба и договорот со Бугарија. Меѓутоа државнотворните акти на македонската држава се во АСНОМ, што очекувате од човек кој што не го познава АСНОМ, вели професорката наташа котлар Трајкова.


Администратор
27/10/2020 03:22