Доцна синојќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19

- Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се, информираше Спасовски.

Инаку, Спасовски во неделата физички присуствуваше на дигиталниот конгрес на СДСМ каде што беа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пратениците Дарко Каевски, Сања Лукаревска и Мухамед Зекири, додека во текот на вчерашниот ден тој садеше дрвца на опожарените места во Велес заедно со премиерот Заев, министерот за животна средина Насер Нуредини и министерот за земјоделство Аријанит Хоџа.


Администратор
27/10/2020 03:22