Кризниот штаб на Општина Тетово евидентира вкупно 21 лице во образовните институции заболени од Ковид-19, па препорача процесот на учење преку интернет што наставниците и професорите сега го спроведуваат од училишните установи да продолжи од нивните домови.

На состанокот на штабот на 13 октомври беа евидентирани 14 заболени поради коронавирусот, што значи дека оваа недела има зголемување на бројот.

–Во градинките „Младост“ во Тетово, тројца вработени се позитивни од кои две се воспитувачки и еден вработен во администрацијата. Во основните училишта седдуммина наставници и еден администратор биле позитивни на Ковид-19, додека 3 одделенски групи се во домашна изолација. Во средните училишта каде се одвива учење од далечина, на 11 наставници им е дијагностициран ковид 19. Во сите основни и средни училишта, процесот на учење на далечина продолжува преку платформата на Мајкрософт, соопштија од Кризниот штаб на Општина Тетово.

Според податоците на Кризниот штаб при Општина Тетово до денес во шестте општини, вкупниот број лица со дијагностициран Ковид 19 е 1923, Од оваа бројка досега 1417 лица се оздравени, 98 починале, а вкупната бројка на активни случаи во Тетово и петте други општини е 408.

Од СВР Тетово информирале на состанокот дека во рок од две недели изречени се 537 казни за неносење заштитни маски и две кривични пријави за два угостителски субјекта кои не го почитувале ограничувањето за работа до 23 часот.