Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната собраниска комисиска расправа ја потсети јавноста дека под хибридниот режимот на оваа власт судски се гонат новинари кои објавуваат за криминалите на владините функционери.

- Тројца новинари се под судски прогон и притисок од Власта затоа што објавуваат материјали од јавен интерес кои ги добиле од свиркачи!

Новинарите кои објавуваат материјали за криминалите на власта се под притисок и сметам дека најмалку што може да направиме како пратеници е да дадеме поддршка на новинарите кои што во моментов се или под судски прогон, или веќе имаат донесени судски пресуди за изнесување во јавност информации кои што до нив стигнале од укажувачи, а кои што судот проценил дека се од таканаречена државна тајна, затоа што новинарите одлучиле дека јавниот интерес е пред државната тајна и заради тоа решиле да ги публикуваат. Ова е лоша пракса, ниту една власт не издржала на сила!, истакна Николоски.


Администратор
26/10/2020 20:58