Заев зошто молчиш со денови и не кажуваш, кој е твојот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик? Ајде Заев охрабри се и не се плаши, кажи го твојот став Македонија да го слушне. Заев не се криј зад празни флоскули и општи поими, Македонија очекува став.

Нели сите проблеми со соседите беа решени? Нели немаше веќе отворени прашања со соседите? Нели договорот што го потпиша со Бугарија беше гарант за нашата европска иднина? Од каде сега нови декларации и анекси на договорот?

Се што кажа Зоран Заев пред три години кога го потпишуваше договорот со Бугарија беше лага и дел од една фаза на систематско рушење на нацијата.

Вчерашната изјава дека е можна нова декларација која што ќе биде дополнување на договорот е разградување на нацијата и историјата на државата. Наместо раст и развој. Зоран Заев повторно се впушта во историски договори, кои немаат никаков ефект врз суштински развој на државата. Наместо да се насочи кон унапредување на соработката и економски развој ние сме заглавени во теми за кои не треба да се преговара и кои се дел од македонската национална гордост.

Гоце е црвената линија на македонското национално достоинство и за него не смее да има преговарање, исто така и за македонскиот јазик, за кој што Заев тврдеше дека е загарантиран со договорот кој го потпиша со Грција.

Очигледно e се што кажа Заев е лага и на секој нови преговори, тој руши дел по дел од македонското ткиво.

Заев треба да знае дека се што ќе потпише, а ќе значи продажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, ќе биде поништено од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ние таков договор нема да почитуваме.

Новинарско прашање: Утре на седница на Собранието треба да дојдат на дневен ред измените кои што министерот за здравство ВЕнко Филипче бара под итно да се донесат, каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дали останувате на тоа дека сте против овие измени и како ќе се однесува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ги подржи овие измени?

Одговор: Предмалку слушнавте став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Венко Филипче и во однос на неговите барања и поднесените документи до Собранието, а во однос на делувањето на Собранието ќе ве упатам да поразговарате со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што имаат координации секојдневно.

Новинарско прашање: Став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на декларацијата поднесена од Левица?

Новинарско прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ смета дека прашањето со Бугарија треба да се најде како точка на дневен ред во Собранието?

Одговор: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Д-р Христијан Мицкоски уште пред една година побара да се донесе резолуција во Собранието за заштита на македонскиот јазик и историјата, тоа тогаш не беше прифатено. Во мај годинава, на средба од ист формат, кај Стево Пендаровски, Зоран Заев кажа дека нема потреба од резолуции и други одговори и договори и анекси кон бугарската резолуција од собранието, затоа што македонскиот јазик и идентитет се потврдени. Сега гледаме дека Зоран Заев најавува носење на дополнителни декларации, а тоа што според Зоран Заев беше затворено, сега е камен на сопнување на македонските евроинтеграции.

Новинарско прашање: Коментар за ставовите и искажаното од Митко Јанчев?

Одговор: Несериозно е да коментираме естрада, на Митко Јанчев му посакуваме плодотворна работа во следните неколку месеци кои што му преостануваат како градоначалник на Кавадарци.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
26/10/2020 15:07